Мелони: Потребен е прагматичен пристап кон климатските промени

Сподели со своите пријатели

Италија сака да продолжи да го прави „својот дел“ во борбата против климатските промени, но неопходен е прагматичен пристап за заштита на животната средина, изјави денеска италијанскиот премиер Џорџa Мелони во своето обраќање на самитот COP29 во Азербејџан.

Loading...

„Потребен ни е избалансиран енергетски микс за да го фаворизираме процесот на транзиција. Треба да ги користиме сите достапни технологии“, рече Мелони во Баку, пренесе АНСА.

Таа истакна дека на климатската конференција COP28 во Дубаи во јануари биле поставени „амбициозни цели“.

„За постигнување на овие цели потребна е соработка на сите, вклучително и главните емитери на стакленички гасови и соодветна финансиска поддршка. Работата на задоволителен компромис бара споделување на одговорностите и надминување на поделбите меѓу развиените земји и економиите во подем и развој“, рече премиерката на Италија, јави Танјуг.

Мелони потсети дека Италија веќе издвојува над четири милијарди евра наменски средства за Африка од својот буџет за климатскиот фонд, како и дека ќе продолжи да поддржува иницијативи како Зелениот климатски фонд и Фондот за штети.

Премиерката истакна дека декарбонизацијата е приоритет, но и дека е неопходно да се води сметка за одржливоста на „производствените и социјалните системи“.

„Мораме да ја заштитиме природата со човекот во нејзиното јадро, пристап кој е премногу идеолошки, а не прагматичен, ризикува да нè попречи од патот до успехот“, рече таа во својот говор.

Мелони истакна дека сите „треба да имаат реална визија“ и повика на избалансиран процес на транзиција.

Loading...

„Треба да ја користиме целата достапна енергија, а не само обновливите извори на енергија“, рече Мелони, кој истакна дека ова вклучува „биогорива и нуклеарна фузија“, која „може да произведе чиста, безбедна и неограничена енергија“.