Мелони: Ја разбирам критиката на Венс кон Европа

Сподели со своите пријатели

Италијанската премиерка Џорџа Мелони рече дека ги разбира критиките на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс за Европа во неговиот говор на Минхенската безбедносна конференција во февруари.

Loading...

„Морам да кажам дека се согласувам. Ова го кажувам со години… Европа малку се изгуби себеси“, рече Мелони на прашањето за обвинувањата на Венс дека Европа уназадила во својата посветеност на слободата на говорот и демократијата, пренесе Анса.

Венс во својот говор рече дека внатрешните закани се најголемите предизвици за европската демократија, а не надворешните закани од Русија или Кина и дека најголемиот проблем е масовната имиграција.

Мелони нагласи и дека критиките на американскиот претседател Доналд Трамп кон ЕУ не се насочени кон нејзиниот народ, туку кон „класното владеење и идејата дека наместо да се гледа реалноста и да се најдат одговори за луѓето, може да се наметне идеологија“, пренесува Танјуг.