Фредериксен предупредува: Без помош за Украина, се отвора патот за понатамошен напредок на Русија

Сподели со своите пријатели

Данската премиерка Мете Фредериксен изјави денес на самитот на лидерите на Европската унија во Брисел дека ставовите на земјите-членки за новиот долгорочен буџет на блокот се уште „многу оддалечени“, согласувајќи се со проценката на германскиот канцелар Фридрих Мерц дека сегашниот предлог не е прифатлив.

Фредериксен оцени дека предложениот буџет е преголем и не е доволно насочен кон иднината и додаде дека средствата треба да бидат поумерени кон конкурентноста, одбраната и безбедноста, објавува Гардијан.

Таа нагласи дека е потребно да се постигне договор за буџетот до крајот на оваа година, имајќи предвид дека во 2027 година се одржуваат важни избори во голем број земји-членки на ЕУ, што би можело да ги отежни преговорите уште повеќе.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Песков: Украина се обидува да го прошири конфликтот кон Медитеранот и Балтичкото Море

Данската премиерка, исто така, го поддржа предлогот на Фридрих Мерц за поврзување на финансирањето на Украина со новиот буџет на Унијата, нагласувајќи дека Украина е прва линија на одбрана во Европа и дел од заедничките европски трошоци.

Одговарајќи на прашање за можното слабеење на поддршката за Киев доколку десничарските партии се зајакнат на претстојните избори во земји како Франција, Шпанија и Полска, Фредериксен предупреди дека прекинот на помошта и падот на Украина ќе ја отворат вратата за понатамошен напредок на Русија.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц претходно во Брисел изјави дека дури и најновиот компромисен предлог на претседателот на Европскиот совет Антонио Коста за буџетот не претставува основа за постигнување договор и дека преговорите само што започнуваат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од 2022 година, Зеленски поминал само 40 проценти од своето работно време во Украина

Мерц изјави дека предложениот износ на седумгодишната буџетска рамка за периодот од 2028 до 2034 година во износ од 1,6 милијарди евра е сè уште превисок и дека земјите-членки мора да бидат способни да ги финансираат сите овие обврски, објави Ројтерс.

Денес во Брисел започна дводневен самит на лидерите на Европската Унија, каде што ќе се дискутира за повеќегодишниот буџет на Унијата.