Мексиканскиот претседател ќе го изнајмува луксузниот авион на неговиот претходник

Сподели со своите пријатели

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор најави дека луксузниот авион на неговиот претходник во иднина ќе се изнајмува приватно за специјални прилики, како што се свадби и родендени, откако неговата влада неуспешно се обидуваше да го продаде во последните три години.

Loading...

„Авионот ќе биде изнајмен за да може да генерира приходи“, рече Лопез Обрадор на редовната утринска прес-конференција.

 

Амнести Интернешнл: Светските сили обезбедија плодна почва за конфликти

 

Изнајмувањето на авион за пригоди како што се свадби, роденденски забави или за „стимулативни“ патувања (наградување на компаниите за добри работни перформанси) ќе им овозможи да платат за неговото одржување, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Не успеа да го продаде

Според договорот, авионот ќе биде лоциран на новиот аеродром во Мексико Сити во Санта Лусија, северно од главниот град, кој владата го инаугурираше минатата недела, рече претседателот, истакнувајќи дека на државните службеници нема да им биде дозволено да го користат авионот.

Loading...

 

Проруски сепаратист: Инвазијата е грешка, реакцијата на Москва секогаш доцни

 

Објавувајќи ја продажбата на авионот по цена од 130 милиони долари, Лопез Обрадор го задржа Боинг 787 Дримлајнер на својот претходник Енрике Пења Нието како симбол на политичка корупција и екстраваганција.

Но, до денес, тој не можеше да најде купувач кој би бил подготвен да ја плати целата цена.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци