Германската полиција започна опсежна потрага по осомничениот маж кој беше виден како ја напушта куќата во која беше пронајдено тричлено семејство како убиен, објавија денеска германските медиуми.
Жртвите се 47-годишен маж, како и 44-годишна жена и 16-годишно момче, соопшти полицијата.
Како што изјави за „Билд“ еден од соседите на семејството, тие воделе многу затскриен живот и не излегле ниту во градината на куќата.
Убиството се случило во Вајтфелд, а полицијата трага по маж кој е забележан како бега од местото на настанот, оставајќи зад себе трага од крв.
Полицајците користат хеликоптери за да ја пребараат областа, а портпаролот рече дека има индиции дека убиецот користел ножеви и огнено оружје.
Во куќата биле пронајдени и кабли со кои биле врзани жртвите пред убиството.
Полицијата во неделата рано наутро била повикана од жена, очигледно 44-годишна жртва, која подоцна им подлегнала на повредите, пишува „Стерн“.
Локалните жители беа предупредени да бидат внимателни, иако полицијата соопшти дека нема непосредна опасност.