Англиската полиција уапси 24-годишен маж под сомнение за обид за убиство на војник кој бил избоден со нож и во тешка состојба однесен во болница.
Loading...
Инцидентот се случил синоќа во градот Гилингем, во близина на касарната Бромптон, а војската одбила да ги коментира извештаите дали војникот во тој момент бил во униформа, пренесува Sky News.
Полицијата во Кент соопшти дека војникот има 40-ти години и се здобил со сериозни повреди.