Масовна акција за чистење на градските православни гробишта во Куманово викендов (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ во соработка со Општина Куманово од петок до недела, односно од 21 до 23 август, ќе спроведе голема масовна акција за чистење и уредување на градските православни гробишта.

Акцијата ќе се одвива од 07:00 до 14:00 часот, а во неа ќе бидат вклучени работници од повеќе единици на јавното претпријатие.

„Ќе излезат работници и од единицата зеленило, од градските гробишта, Чистота, сите места за пешачење, патеки, зараснати тревни површини, дрвја покрај пешачките стази, секаде каде ќе согледаме еден проблем ќе се потрудиме во тие три дена да го средиме, изјави директорот на ЈП „Чистота и зеленило“, Сашо Томиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пет фестивали неделава во Куманово, со музика за сечиј вкус (ВИДЕО)

 

 

Тој нагласи дека станува збор за акција која не е еднократна, туку дел од континуираните активности на претпријатието за одржување на гробиштата.

– Сакам да нагласам дека ова не е кампањска акција сега, ние во континуитет спроведуваме такви акции, се трудиме изгледот на градските православни гробишта да биде како што треба, во континуитет работиме, имаме и поддршка од Затворот во К’шање. Сега со оваа акција сакаме да го подобриме изгледот како што треба, посочи Томиќ.

Директорот упати и апел до граѓаните да се вклучат во акцијата, особено во пресрет на празникот Голема Богородица.

– Сакам да изразам апел до сите граѓани на Општина Куманово да излеземе масовно и организирано, рече Томиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Алек Петкоски е ново засилување на МКК Куманово

Тој појасни и кои се обврските на јавното претпријатие во однос на одржувањето на просторот.

– Обврска на јавното претпријатие согласно закон не е на самите гробни места, туку само меѓу гробните места, стазите, пешачките патеки, просторот за јавно движење, изјави Томиќ.

Според него, граѓаните кои ќе го чистат просторот околу гробните места отпадот можат да го оставаат на соодветно место, по што екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ ќе го соберат и изнесат.

Од ЈП „Чистота и зеленило“ очекуваат акцијата да има голем одѕив кај граѓаните и заеднички да се уреди просторот на градските православни гробишта пред празникот.

– Тие три дена се надевам дека акцијата ќе наиде на голем одѕив кај граѓаните, ќе излеземе масовно и координирано и да го дотераме во пресрет на Голема Богородица изгледот на гробиштата да биде како што доликува, порача Томиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Алек Петкоски е ново засилување на МКК Куманово

Никола Ивановски