Масовен наплив на мигранти на Канарските острови

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 1.000 илегални африкански мигранти во последните 48 часа пристигнаа до шпанските Канарски острови, појава што не е регистрирана во последните 10 години, соопшти Црвениот крст.

Loading...

Африканските мигранти од неодамна се свртеа кон Канарските острови откако договорите со Турција, Мароко и Либија ги засилија контролите на медитеранската рута кон европските брегови.

Од вчера до островите Ланзароте, Фуертевентура, Гранд Канар и Тенерифе со 37 чамци пристигнаа 1.050 мигранти, соопшти Црвениот крст.

-Повеќето мигранти од северна Африка или субсахарска Африка се во добра здравствена состојба, иако некои страдаат од симптоми на хипотермија, изјави портпаролот на Црвениот крст, додавајќи дека „сите се тестирани за новиот коронавирус“.

Црвениот крст соопшти дека процентот на пристигнати е горе-доле ист како во 2006 година, кога до Канарските острови пристигнаа 30.000 мигранти.

Сашко Димевски

Leave a Reply