Главниот извршен директор на „Тесла“ и „Спејскскс“, Илон Маск предвидува дека кинеската економија на крајот ќе ги надмине САД барем двапати – што исто така би го зголемило военото ривалство меѓу двете најголеми нации.
„Она што ќе изгледа прилично необично е дека кинеската економија веројатно ќе биде барем двојно поголема од САД, можеби и три пати“, рече Маск за време на разговорот со американскиот генерал на воздушните сили Џон Томпсон на Симпозиумот за воздушни сили на Флорида.
Кога милијардерот ќе запее: Илон Маск ја објави втората песна (ВИДЕО)
„Основата на војната е економијата. Ако имате половина од ресурсите на другата страна, тогаш е подобро да бидете иновативни, ако не сте иновативни, ќе изгубите“, рече Маск.
Двете земји се веќе две од најголемите светски економии. САД доминираат со 21,44 трилиони американски долари во номинален БДП и сочинуваат една четвртина од светската економија.
Сепак, Кина е најбрзорастечката економија со БДП од 14,14 трилиони американски долари.
Бидејќи популацијата на Кина е околу четири пати поголема од САД, Маск рече дека ова ќе ја намали пречката за Кина да ја надмине својата економска големина.
Според пописот, околу 330 милиони луѓе живеат во САД, додека повеќе од 1,3 милијарди живеат во Кина.
„Сè што е потребно е БДП по глава на жител да биде двојно помал од оној на САД, за да нивната економија биде двојно поголема од нашата“, рече Маск.
Првиот град на Марс ќе се гради 20 години, потребни се 1.000 вселенски бродови
Ако ги прегази САД, Кина веројатно ќе предизвика зголемување на тензиите меѓу двете земји, кои веќе се судрија околу прашањата како што се трговијата и 5G технологијата.
За време на интервјуто со Томпсон, Маск во повеќе наврати ја потенцираше важноста на иновациите во САД за одржување на својата конкурентска предност.