МАСК ПОВТОРНО ШОКИРА: Протече мејл со необични правила за неговите вработени

Сподели со своите пријатели

Правилата на Илон Маск за управување со неговите мултимилијардерски бизниси се откриени во „мејл“ кој протече во јавноста.

Loading...

Чудни правила кои Илон Маск ги следи за успех

Извршниот директор на компаниите „Тесла моторс“ и „Спејс екс“ во него на своите вработени им изложил три главни „препораки за продуктивност“ покрај наведувањата низа промени на моделот 3 на „Тесла“.

Милијардерот Илон Маск се пожали дека спие на под, па фановите му купија кауч

Маск во мејлот потенцирал дека нема потреба се претерани состаноци и дека сите состаноци треба да бидат кратки. Тој, како што пренесува британски „експрес“ укажал дека е непристојно да се држат луѓето на состаноци и да се троши нивното време.

– Претераните состаноци се проблем на големите компании и скоро секогаш се влошуваат со текот на времето. Ве молам да ги напуштите сите големи состаноци освен ако не сте сигурни дека даваат на вредност на сите присутни, во кој случај ги држите многу кратко. Излезете од состанокот или откажете се од повикот штом стане очигледно дека не пружаат вредност. Не е непристјно да заминете, непристојно е да присилите некого да остане и да го трошите неговото време, напишал Маск, порачувајќи им на вработените да не користат акроними или бесмислени зборови за објекти, софтвери или процеси во „Тесла“ затоа што тоа влијае на комуникацијата во внатрешноста на компанијата.

Мислеле дека е гулв и го тепале на училиште: Чудни факти за милијардерот Илон Маск

Претприемачот исто така предупредил дека секој менаџер кој ќе се обиде присилно да го воведе „ланецот на командување“ ќе мора да оди да работи на друго место.

Loading...

Маск потоа се заблагодарува на својот тим што „постигнува чуда секој ден“.

Leave a Reply