Милијардерот Илон Маск се пожали дека спие на под, па фановите му купија кауч

Сподели со своите пријатели

Откако минатиот месец основачот на Тесла, Илон Маск во разговор за CBS изјави дека во својата канцеларија има толку раскалтен кауч што му е поудобно да спие на подот, на мултимилијардерот овие денови, благодарение на донации од негови фанови, му пристигна нов кревет.

Откако го виделе прилогот на телевизија, кампањата за собирање пари ја започнал Бен Салинс,  основач на Јутјуб каналот Тесланомикс.

Мислеле дека е гулв и го тепале на училиште: Чудни факти за милијардерот Илон Маск

Loading...

Набргу биле собрани 8.000 долари, што е повеќе од доволно за нов кауч. Како што објаснува Салинс, креветот веќе е испорача во фабриката на Тесла во Гримонт, каде Маск минува многу време и очигледно често и преспива. Вишокот пари ќе бидат уплатени во хуманитарни цели.

Маск засега ја нема искоментирано акцијата во која била вклучена и една хрватска компанија за мебел, која одлучила на Маск да му подари софа.

Хрватскиот кревет исто така тргнал на пат кон Америка, но Салинс бил побрз.

Leave a Reply