Американскиот милијардер Илон Маск планира да обезбеди бесплатен интернет во областите уништени од разорните шумски пожари во Калифорнија, објавија денеска американските медиуми.
Маск ќе користи специјални сајбер камиони произведени од неговата компанија Тесла, како и технологија Starlink, за да обезбеди бесплатен Wi-Fi на корисниците во ранливите области, објави Fox Business.
Во објава на неговата платформа X, тој изјави дека камиони ќе се користат како мобилни базни станици за да обезбедат енергија за интернет терминалите Starlink во областа Лос Анџелес.
Во меѓувреме, соопштено е дека бројот на загинати во пожарите во областа на Лос Анџелес се искачи на 24, а десетици лица се водат како исчезнати.
Шерифот на округот Лос Анџелес, Роберт Г. Луна, рече дека неговата канцеларија примила „десетици и десетици“ пријави за исчезнати лица, објави Си-Ен-Ен.
Повеќе од 12.000 објекти се уништени во пожарите само во Итон и населбата Палисадес, пренесува Танјуг.