Маск, Безос и Цукерберг важни гости на инаугурацијата на Трамп

Сподели со своите пријатели

Технолошките магнати Илон Маск, Џеф Безос и Марк Цукерберг ќе присуствуваат на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во понеделник, според извор запознаен со организацијата на настанот.

Loading...

Извршните директори на Тесла, Амазон и Мета ќе бидат истакнати гости на инаугурацијата на Трамп, ќе седат покрај одредени членови на неговата нова администрација и други избрани функционери, според NBC News, кој прв ја објави веста.

Компаниите сè уште не одговориле на барањето за коментар.

Амазон на Безос и Мета на Цукерберг се меѓу компаниите кои донираа за инаугурацијата на Трамп, секоја со по еден милион долари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бројот на загинати во пожарот во Лос Анџелес се искачи на 25

Маск, шефот на Tesla, SpaceX и X, потроши повеќе од четвртина милијарда долари за да му помогне на Трамп да биде избран во ноември.