Марочко: Украинската армија се подготвува за улични борби во Артјомовск

Сподели со своите пријатели

Офицерот на милицијата на самопрогласената Луганска народна република Андреј Марочко денеска изјави дека „трупите на режимот во Киев, стационирани во градот Артјомовск (Бахмут), ги утврдуваат своите позиции за улични борби.

Loading...

Како што додаде Марочко, украинските војници се вклучени во активни подготовки за борби во градот.

„Видени се како подигнуваат утврдувања, прават упоришта и копаат ровови. Прават и бункери во становите на цивилите. Подрумите на заедничките простории се користат како складиште за оружје“, изјави Марочко за ТАС С.

Украинската армија вклучи цивили, меѓу кои и жени, во копањето ровови, посочува Марочко.

„Тие се принудени да работат под закана, но има примери кога цивилите се платени со храна и хигиенски средства, кои ги обезбедуваа меѓународните хуманитарни организации“, додава тој.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.