Дваесет и четиригодишник од Куманово бил приведен вчера откако полицијата констатирала дека возел мотор без да поседува дозвола.
– На 07.10.2026 во 12:45 часот на улица „Тодор Велков“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.П.(24) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај бил запрен мотоцикл „јамаха“, при што било утврдено дека го управува без возачка дозвола.
– По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски

