Меѓународниот центар за спортски истражувања (ЦИЕС) претстави рангирање на клубови од најдобрите 5 лиги во Европа, кои потрошија најмногу на формирање на сегашниот состав.
На чело на списокот е англискиот Манчестер сити. Граѓаните беа единствениот клуб кој потроши над милијарда евра.
Во трите најдарежливи екипи беа и францускиот ПСЖ и англискиот Манчестер јунајтед.
Екипи од ТОП 5 европски лиги со најмногу потрошени средства за актуелниот состав:
1. Манчестер Сити (Англија) – 1,036 милијарди евра
2. ПСЖ (Франција) – 888 милиони
3. Манчестер јунајтед (Англија) – 844
4. Барселона (Шпанија) – 826
5. Челзи (Англија) – 763
6. Реал (Шпанија) – 708
7. Ливерпул (Англија) – 666
8. Јувентус (Италија) – 594
9. Арсенал (Англија) – 590
10. Евертон (Англија) – 504
11. Атлетико (Шпанија) – 483
12. Тотенхем (Англија) – 479
13. Наполи (Италија) – 467
14. Интер (Италија) – 439
15. Баерн (Германија) – 408.
Зоран Стерјовски