Малолетните синови на Рамзан Кадиров вооружени до заби во Донбас

Сподели со своите пријатели

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров објави дека неговите синови Ахмат (16), Ели (15) и Адам (14) го посетиле регионот на Донбас заедно со чеченската министерка за култура Ајша Кадирова.

Loading...

Синовите на чеченскиот лидер беа прикажани во целосна воена опрема, а Кадиров изјави дека за време на посетата разговарале и со командантот на чеченските сили кои ја покриваат областа Мариупол.

– Внуците на првиот претседател на Чеченската Република, Ахмат-хаџи Кадиров, заедно со моите драги внуки и браќа, ги посетија контролните пунктови каде престојуваат чеченските борци во областа на Североисточниот воен округ Донбас. Чеченската делегација ја предводи министерката за култура Ајша Кадирова.

 

 

Внуците на Ахмат Кадиров изразија искрена благодарност до војниците за нивната храброст и лојалност кон претседателот на Русија.

– Војниците зборуваа за нивниот успех во извршувањето на задачите. Изразувам искрена благодарност до мојата сакана мајка за нејзиниот чувствителен однос кон војниците на татковината. Семоќниот нека ја награди за нејзината добрина – рече Кадиров.

Loading...

Претходно изјави дека е време неговите синови да се докажат во вистинска борба.

Засега тие се држат до безбедните области во Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.