Малолетници конзумирале марихуана во Соколана, па се степале

Сподели со своите пријатели

Мајка од Куманово пријавила дека нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник во Соколана.

Loading...

Според пријавеното нападот се случил, откако конзумирале марихуана.

– На 27.01.2024 година во 03.40 часот во СВР Куманово 39-годишна жена од Куманово пријавила дека во Соколански парк, Куманово,  нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник, а претходно конзумирале марихуана, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неколку кумановски села денеска и утре без струја