Македонија со 24 милиони евра од ЕУ ќе се справува со бегалската криза

Сподели со своите пријатели

Брисел одлучи да додели финансиска помош на Македонија и Србија за справување со бегалската криза, додека илјадници бегалци и денедка минуваат низ балканските земји обидувајќи се да ги избегнат граничните контроли и бариерите што ги поставуваат некои членки на Унијата. Македонија ќе добие 24 милиони евра преку ИПА фондовите. Но еврокомесарот Јоханес Хан предупреди дека Европската Унија не е банкомат, а земјите членки треба да даваат повеќе пари, а не само да бараат.

Loading...

– Ние немаме интерес од дополнителна нестабилност. Политичкиот договор во Скопје гледаме дека се имплементира, а Србија напредува  на патот кон ЕУ и не смееме да ги ограничиме, туку напротив тие мора да добијат фер дел. Земјите од Западен Балкан не смее да станат паркинг или ничија земја за бегалците. Тоа би било геостратешка грешка и нам ни требаат ладни глави од сите страни, а не тешка реторика. Токму затоа, за помош во миграциски акции во овие земји, со цел градење на прифатни центри и друго, Србија ќе добие 45 милиони евра, а Македонија – 24 милиони евра, па ако е потребно, подготвени сме да обезбедиме уште пари, рече Јоханес Хан, еврокомесар за проширување и соседска политика.

Хан не е загрижен дека европските земји ќе ги вратат бегалците во Македонија и Србија врз основа на договорите за реадмисија затоа што бегалците бараат азил во Германија.

Најголемиот бран бегалци сега е пренасочен во Хрватска. Само денеска влегле околу 6 и пол илјади бегалци и хравтските власти веѓе алармираат дека ситиуацијата излегува од контрола.

– Хрватска покажа хумано лице, но на прво место ми е сиугурноста на хрватските граѓани и стабилноста на државата. Мислам дека првиот ден неконтролирано влезе преголем број на бегалци, рече Колинда Грабар Китаровиќ, претседател на Хрватска.

Европскиот парламент го одобри планот за распределба на 120 илјади бегалци, но ги отфрли квотите, па сега се стравува дека најголем дел од нив сепак ќе останат во Германија и Франција.

Европските лидери повторно ќе се состанат на 22 септември  за да направат нов план со надеж дека нема да пропадне како претходниот.

Извор: ТВ Телма