Македонија сега наликува на ”Наша мала клиника”

Сподели со своите пријатели

Македонија каква ја сонувавме во раните деведесетти години, дваесет и кусур години подоцна, е далеку од ветениот сон. Затоа немирите и кризите се сè поголеми , а нашата надеж за подобро утре станува сè помала.

Loading...

11844071_1104326472929201_754792408_nМногу граѓани меѓу кои сум и јас, не се задоволни со досегашното водење на нашата држава. Не, не незадоволни. Тоа е мал збор. Луѓето се РАЗОЧАРАНИ. Многу партии и нивните лидери не ја оправдаа вербата што ја имаа гласачите во нив. Затоа народот нестрпливо очекува нова иницијатива, нови идеји и нови луѓе во политичкиот јавен живот.

Евидентна е силната поделеност на македонскиот народ што ги смалува и блокира сите негови потенцијали. Посебно загрижувачка е моралната и духовната криза во сите структури во општеството. Тоа прими такви димензии од кои се добива чувство дека Македонија постои заради политичарот, а не политичарот заради Македонија и нејзините граѓани.

Но, барајќи го решението, најпрвин, ние сме тие кои како граѓани треба да решиме што сакаме.

Дали сакаме статус кво и идење во надолна линија како до сега со ширење на лажен патриотизам, или ќе се залагаме за ПРАВНА И ЕТИЧКА МАКЕДОНИЈА. Добро треба да размислиме што сакаме, НЕЛИ?

Правна и етичка Македонија треба да нè научи да го дадеме својот глас за човек – граѓанин како главен субјект на политичкото општество, а не за политичките партии и нивните идеологии. Во земјите со високи демократии, каква сакаме да биде и Македонија, идеологиите се минато, како и поделбите засновани на нив. Во земјите од Западна Европа каде демократијата е на поголемо ниво од нашата, граѓаните гласаат за човек без разлика од која политичка партија доаѓа.

Другава патриотска Македонија е трагикомедија или со друго имe “Наша мала клиника” како познатата хрватска сапуница.

Во неа е сè толку испомешано, до степен да македонска фаланга маршира во чест на илинденско востание.???

Loading...

Глумиме дека имаме секуларна држава, а славиме крсни слави на државните институции. Имаме ПРО – европски десничари.

Дали имате некаде видено крокодил-вегетаријанец? Тоа ви е исто. По рестораните немате веќе позната “грчка салата” туку сега ја прекрстиле во “егејска салата”, немаме “турско” кое сега стана “македонско кафе”. Бродови по Вардар, шмизли, спомен куќи на ова -она, панорамски тркала, ПУ-ПУ не се важи закони (ги менуваме на 3-4 месеци)… ЦИРКУЗИЈАДА…

Цената што одлучивме 2006 година тој човек да нè поведе во нови походи, мора да ја платиме.

Чинам, ако не се промениме, казната ќе ни биде сè поголема. Во пресрет на новите избори, сакам после сè, како млад човек да имам нормално општество на живеење и фер шанса. Сакам шансата да си ја добијам во мојата држава, а не во Западноевропските земји. Верувам дека повеќемина млади луѓе размислуваат како мене.

Не бараме многу.

Верувам никој не сака да го лекува својот живот во Македонија како во ”Наша мала клиника”.

Пишува: Емил Ташевски