Компанијата Мајкрософт денеска соопшти дека презема „акции за ублажување“ на проблемите пријавени од корисниците, кои предизвикаа технички проблеми и прекини во функционирањето на компаниите и банките ширум светот.
Компанијата истражува прашања поврзани со обезбедувањето на облак услуги во САД, како и проблем што влијаеше на неколку нејзини апликации и услуги, се вели во соопштението, а пренесува Би-би-си.
Во Австралија, голем број банки, медиуми и авиокомпании известија дека се изложени на масовен ИТ напад и нарушување на комуникациите.
На аеродромот во Сиднеј откажани се летови, хаос во супермаркетите, а прекинати се и програмите на ТВ мрежата поради дефект на компјутерските системи и графиката, јавува Би-Би-Си.
Само неколку часа пред Австралија, неколку американски авиокомпании исто така пријавиле дека морале да ги откажат или одложат летовите поради проблеми со ИТ-врските, пренесува Танјуг.
Причината за нарушување на ИТ секторот е нејасна, но многу засегнати го поврзаа со оперативните системи за компјутери на Мајкрософт.
Компаниите како што се Jetstar и Virgin Airlines го пријавија проблемот до Microsoft.
Банките и фирмите како Телстра и Гугл, исто така, регистрираа тешкотии.