Махмуд Абас го осуди убиството на лидерот на Хамас Исмаил Ханије

Сподели со своите пријатели

Палестинскиот претседател Махмуд Абас остро го осуди убиството на политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије во Техеран, пренесе агенцијата Вафа.

Loading...

Палестинските националистички и исламски фракции повикаа на генерален штрајк и масовни демонстрации по убиството на Ханије, јавува Ројтерс.

Иранската револуционерна гарда утринава соопшти дека Ханије и неговиот телохранител биле убиени во Техеран, каде лидерот на Хамас присуствувал на инаугурацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.

Никој не ја презеде одговорноста, но се сомнева дека зад убиството стои Израел, кој претходно вети дека ќе ги убие лидерите на Хамас за нападот на групата на 7 октомври, според АП.

Хамас го нарече убиството во наводниот воздушен напад „сериозна ескалација“ и се закани со „војна за ослободување на Ерусалим“.

Израел не даде изјава во врска со убиството, што е често случај кога станува збор за атентати извршени од израелската разузнавачка агенција Мосад, наведува американската агенција.