Во Белорусија има повеќе од десетина нуклеарни боеви глави, изјави претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, пренесува руската РИА.
Лукашенко ги предупреди сите непријатели дека ако само застанат на линијата на државната граница, одговорот ќе биде моментален.
Тој исто така додаде дека употребата на нуклеарно оружје е голема одговорност.
– Нема ништо необично во тоа: САД тоа го прават со децении. Тие веќе подолго време распоредуваат тактичко нуклеарно оружје на територијата на нивните сојузници – Путин најави распоредување на нуклеарниот арсенал во Белорусија во март 2023 година.
Кога пристигнале нуклеарните боеви глави се уште не е познато.
Русија во септември најави дека ќе ја промени својата нуклеарна доктрина.
Тие тогаш рекоа дека одлуката е „поврзана со ескалацијата на нашите западни противници“ во врска со конфликтот во Украина.