Лукашенко нуди помош на самопрогласената ДНР да го обнови и нормализира животот

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска понуди помош од Белорусија за обновување и нормализирање на животот на луѓето во самопрогласената Народна Република Доњецк, чија анексија беше прогласена од Русија.

Loading...

На средбата со Денис Пушилин, вршителот на должноста шеф на ДПР, Лукашенко рече дека локалното население тешко живее во услови на постојани борби и гранатирање.

Според него, претстои многу работа бидејќи е неопходно да се заживеат индустриските претпријатија и земјоделството, пренесе агенцијата Белта.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.