Луизијана ја спроведе првата егзекуција користејќи азотен гас

Сподели со своите пријатели

Луизијана го изврши првото погубување со употреба на азотен гас во историјата на таа американска држава, на Џеси Хофман Јуниор (46), по 15 години пауза во извршувањето на смртните казни.

Loading...

Овој метод досега бил користен само четири пати во САД, а во Алабама, единствената држава покрај Луизијана која има протокол за овој метод на извршување на смртни казни, пренесува CBS News.

Хофман одби да даде конечна изјава пред да започне постапката.

Тој беше прогласен за мртов во 18:50 часот во државниот затвор во Луизијана.

Адвокатите на Хофман се обидоа да ја спречат егзекуцијата, тврдејќи дека методот е неуставен и го прекршил осмиот амандман, кој забранува сурово и невообичаено казнување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали Трамп падна во стапицата на Путин?

Тие, исто така, тврдеа дека ова го прекршило неговото право на слобода на вероисповед, особено во однос на будистичките техники на дишење и медитација пред смртта.

Официјални лица од Луизијана веруваат дека методот е безболен и велат дека е време државата да ја спроведе правдата што им ја вети на семејствата на жртвите по 15-годишна пауза во егзекуциите.

Хофман беше осуден за убиство на Мери „Моли“ Елиот во 1996 година, 28-годишна маркетинг директорка од Њу Орлеанс.

Loading...

Обвинителката Лиз Мурил рече дека очекува најмалку четири лица да бидат погубени оваа година во Луизијана.