Ловџија тешко повреден на лов во Матејче

Сподели со своите пријатели

Четириесет и петгодишен ловџија од Липково вчера бил тешко повреден од негов колега со кој заедно биле на лов во атарот на селото Матејче.

Loading...

– На 28.11.2021 година во 14.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека во местото викано „Голем камен“, во атар на село Матејче, Општина Липково, додека биле на лов, А.В. (37) од село Матејче со ловечка пушка го повредил Л.С. (45) од Липково, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што појаснуваат од полицијата, четириесет и петгодишниот ловџија се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски