Руските воени блогери шпекулираат дека руското Министерство за одбрана го сменило генерал-полковник Андреј Сичевој од неговата функција како командант во Бахмут поради лошите резултати на бојното поле јужно од градот, во близина на Клишчеивка и Андрејевка, напиша Институтот за проучување на војната (ISW) во извештајот од 2 октомври.
Според ISW, „Бура З“ на 1 октомври предложила руската воена команда да го отстрани Сичевај затоа што извршувал контранапади кај Андреевка и Клишчеевка кои биле „неподготвени и неподдржани“, објави „Киев Индипендент“.
Тој командуваше со Западната група на сили во регионот Харков до неговата смена во септември 2022 година, а неговата моментална позиција во руската армија е непозната.
Претходно оваа недела, ISW објави дека украинските сили напредуваат во близина на селото Орихово-Василевка, кое се наоѓа 11 километри северозападно од Бахмут (Артјомовск на руски) во Доњецката област.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.