Приведен 38-годишен кумановец, ја нападнал својата сопруга

Сподели со своите пријатели

Триесет и осумгодишник од Куманово бил приведен вчера попладне по пријава дека физички ја нападнал својата сопруга.

– На 13.08.2026 во 15:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.М.(38) од кумановско село затоа што физички ја нападнал неговата 36- годишна сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пет куќи и седум хектари сува трева изгореа во Косматац