Хакери упаднаа во Француската даночна управа. Украдени податоци на стотици илјади луѓе!

Сподели со своите пријатели

Француското Министерство за финансии вчера вечер потврди дека податоците на даночните обврзници, физички и правни лица се украдени во сајбер напад.

Министерството објасни дека напаѓачот во среда објавил дека упаднал во системот на Даночната администрација кон крајот на јуни, пишува Ројтерс.

Истрагата го потврди упадот во системот

Покрената е истрага која потврди дека нападот навистина се случил и дека е пристапено до податоци и дека е украдено.

Во тек се дополнителни проверки за да се утврди точно за какви податоци станува збор и за точниот број на засегнати корисници.

Министерството објави дека ќе објави нови информации штом ќе станат достапни.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бродскиот сообраќај во Ормутскиот теснец е ограничен

„Сите корисници чии податоци се компромитирани ќе добијат лично известување со детали за тоа до кои информации е потенцијално пристапено или украдено. Тие исто така ќе добијат упатства за мерките на претпазливост што треба да ги преземат“, соопшти министерството.

Украдени податоци

Платформата FrenchBreaches, која ги следи сајбер нападите во Франција, објави дека податоците на речиси 700.000 даночни обврзници се украдени.

Тие наведуваат дека ги добиле овие информации директно од хакерите кои ја презедоа одговорноста за нападот.

Портпаролите на министерството сè уште не ги коментираа бројките објавени од FrenchBreaches.