Лондон: Над 100 работници во јавниот транспорт починале од Ковид

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 100 вработени во јавниот превоз во Лондон (TfL) починале од коронавирус, покажуваат најновите бројки.

Loading...

Од починатите 75 биле вработени во автобуски превоз, а 23 работеле во метро.

Повеќето припаѓаат на етничките малцински групи, а имало пет жени.

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, рече дека ТфЛ „даде дополнителна помош за ожалостените семејства и колеги“.

Кан рече дека до 10 мај, вкупно 105 вработени во TfL и помошен персонал, вклучително и чистачи и работници за одржување, починале поради Ковид, пренесе Танјуг.

Од тој број, 27 работници биле со азиско потекло, 33 биле со африканско потекло, а 28 биле белци.

TfL додаде дека нема достапни информации за 16-те починати, а еден е со двојно потекло.