ЛНР: Украинската армија концентрира војници во областа Кремина

Сподели со своите пријатели

Украинските вооружени сили концентрираат војници во регионот на Кремина, објавија претставници на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР).

Loading...

Забележавме трансфер на напаѓачки групи, составени од Украинци обучени во странство и странски платеници, во областа Кремина, изјави денеска за ТАСС функционерот на Народната милиција ЛНР, Андреј Марочко.

Според Марочко, кој се повикува на разузнавањето ЛНР, при обидот за пробивање на руската одбранбена линија во Кремина, украинската армија претрпе загуби и се врати на претходно заземените позиции.

Сега се прегрупираат и ги надополнуваат своите војници за да продолжат со офанзивата, истакна Марочко.

Во понеделникот неколку украински медиуми објавија дека украинските вооружени сили наводно ја зазеле Кремина, а Генералштабот на украинската армија вчера не ја потврди оваа информација, јави ТАСС.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.