ЛНР: Околу 30 лица загинаа во украинското гранатирање на бегалската колона

Сподели со своите пријатели

Околу 30 луѓе загинаа за време на украинското гранатирање на колона бегалци во областа Харков, изјави за Спутник, Родион Мирошник, шеф на претставништвото на самопрогласената Луганска народна република во Русија.

Loading...

Според него, итните служби не можат да ги извадат телата на загинатите во бегалската колона поради континуираното украинско гранатирање.

Мирошник додаде дека во последните денови е зголемен протокот на бегалци од регионот Харков кон Русија.

„Откако започнаа активните борбени операции на територијата на регионот Харков, се зголеми бројот на луѓе кои или одат во Белгородската област во Русија, или преминуваат на нашата територија“, изјави Мирошник за телевизискиот канал „Русија 24“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина го доби вториот контингент авиони Ф-16 од Данска

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.