Новата британска премиерка Лиз Трас го именуваше својот кабинет во кој функцијата министер за надворешни работи му припадна на Џејмс Клеверли.
Loading...
Клеверли, чија мајка е од Сиера Леоне, претходно беше министер за образование.
Суела Браверман, чии родители дошле во Британија од Кенија и Маурициус пред 60 години, ја наследува Прити Пател на функцијата министер за внатрешни работи, каде што ќе биде задолжена за полициско работење и имиграција.
Бен Валас останува министер за одбрана, јавува Би-би-си.
Брендон Луис ќе го замени Доминик Рааб на функцијата министер за правда.
Џејк Бери е назначен за министер без ресор и лидер на Конзервативната партија.