Литванците за еден час собраа милион евра за радари за Украина

Сподели со своите пријатели

Литванците се рекордери, објави на својот Твитер профил Андриус ​​Тапинас, новинар и основач на ТВ Либерти.

Loading...

За само еден час Литванците ширум светот собраа милион евра за купување радари за Украина.

После тоа, литванската ИТ компанија Тесонет со својата донација ја удвои таа сума.

„Нашиот народ стои на Украина до самиот крај. До победа“, напиша Тапинас.

 

 

Да потсетиме, во јуни минатата година, Литванците за неколку дена собраа 5,9 милиони евра за набавка на дрон за Украина, по што литванските власти отпатуваа во Турција за да потпишат договор со производителот.

Loading...

Инспириран од чинот на великодушноста на Литванците, турскиот производител реши да донира дрон за Украина и собраните пари да ги пренасочи во хуманитарна помош за Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.