„Лидл“ купи земјиште од 5,3 милиони евра во Куманово

Сподели со своите пријатели

Компанијата „Лидл“ вчера на јавна лицијатција купи земјиште од Општина Куманово во редност од 5,3 милиони евра.

Loading...

На локација во Индустриско-развојната зона во Горно Којнање, м.в. Новине и Речица, компанијата ќе гради дистрибутивен центар.

Како што информираат од Општина Куманово, вчера била спроведена постапка за отуѓување на градежно земјиште во сопстевеност по пат на електронско јавно наддавње, со намена Г4-стоваришта и складови на локација во новата индустриска развојна зона во Горно Коњаре, м.в. Новине и м.в.Речица, стои во соопштението од Општина Куманово.

Оттаму додаваат дека компанијата ДТМ ЛИДЛ Северна Македонија ДООЕЛ, со седиште во Скопје купила околу 17 хектари површина по цена од 325,9 милиони денари, односно 5,3 милиони евра.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Анета Шандева - Доневска е нов директор на „Куманово- план“

На јавната лицитација се стигнало до понуда од 1.906 денари по метар квадратен.

– Во наредниот период следува завршување на административната постапка за избор на најповолен понудувач и по исполнување на сите услови пропишани во јавниот повик, имотот ќе премине во сопственост на најповолниот понудувач по што ќе следува инвестиција од нивна страна, велат од локалната самоуправа.

Никола Ивановски