Лидерите на ЕУ му честитаа на Трамп: Продолжување на силното партнерство

Сподели со своите пријатели

Лидерите на институциите на Европската унија му ја честитаа победата на Доналд Трамп на претседателските избори.

Loading...

„Европската унија и САД се трајно поврзани и имаат историска поврзаност. Како сојузници и пријатели, ЕУ се радува на продолжување на нашата конструктивна соработка“, порача претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во пораката на социјалната мрежа Х. социјалната мрежа X.

Тој додаде дека ЕУ ќе го продолжи својот курс во согласност со стратешката програма како силен, обединет, конкурентен и суверен партнер и дека ќе го брани мултилатералниот систем заснован на правила.

Претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен во својата порака вели дека „ЕУ и САД се повеќе од сојузници“.

„Ние сме поврзани со вистинско партнерство меѓу нашите народи, кое обединува 800 милиони граѓани. Затоа, работиме заедно на силна трансатлантска програма која носи резултати“, истакнува фон дер Лајен.

„Европа е подготвена да соработува за решавање на невидени геополитички предизвици и да ја одржи силната трансатлантска врска, вкоренета во нашите заеднички вредности за слобода, човекови права, демократија и отворени пазари“, рече претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола.