Лицето кое усмрти пешак во Куманово се предаде на полицијата

Сподели со своите пријатели

На улицата Гоце Делчев во Куманово, вчеранавечер во сообраќајна незгода, на лице место беше прегазен Д.Б (66) од Куманово, кога на него налетало возило кое се движело кон бул. Трета МУБ.

Loading...

Несреќата се случи пред 22 часот кога ПМВ марка БМВ, управувано од лице кое по несреќата побегнал од местото на настанот, удрило во пешакот, и се дал во бегство.

Екипата на Итната медицинска помош која веднаш пристигнала на местото на настанот констатирала смрт.

Извршен е увид на местото на несреќата од страна на екипа од СВР Куманово и јавен обвинител.

Накратко по несреќата, возачот се предал во полициската станица во с. Сопот. Неговото возило е пронајдено во гаражата на семејниот дом, соопшти СВР Куманово.