Летонскиот претседател е првиот лидер што преноќил во Киев

Сподели со своите пријатели

Летонскиот претседател стана првиот лидер на една држава од Европската унија кој преноќил во Киев откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари.

Loading...

Еглис Левтис пристигна во Киев на 9 септември во дводневна посета на главниот град на Украина.

Така, латвискиот лидер стана првиот западен лидер кој го „прекршил“ неформалното безбедносно правило кое им забранува на странците да преноќуваат во Киев.

Како што соопштија од кабинетот на претседателот на Украина, Егилс Левитс по средбата со Володимир Зеленски во петокот се заложил за почеток на преговорите за пристапување на Украина во ЕУ.

Тој, исто така, учествуваше на церемонијата на отворање на плакети посветени на неколку западни лидери, меѓу кои и самиот, во Алејата на храброста во Киев.

Левитс веќе го посети Киев на 13 април, кога беше еден од првите лидери на ЕУ што го посети главниот град на Украина од почетокот на војната, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.