Летонија, Естонија и Литванија ѝ порачаа на Германија: „Веднаш испратете тенкови во Украина!“

Сподели со своите пријатели

Летонија ѝ порача на Германија веднаш да испрати тенкови Леопард во Украина.

Loading...

Летонскиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевичс на Твитер напиша:

„Ние, министрите за надворешни работи [Латвија, Естонија и Литванија], ја повикуваме Германија веднаш да испорача тенкови Леопард во Украина. Ова е неопходно за да се запре руската агресија, да ѝ се помогне на Украина и брзо да се врати мирот во Европа. Германија како Водечка европска сила има посебна одговорност во овој поглед“.

Истиот твит го објавија и неговите колеги во Естонија и Литванија.

Балтичките земји се граничат со Русија и стравуваат дека ако Русија биде успешна во Украина, руското внимание би можело да биде насочено кон оние три земји кои некогаш биле дел од Советскиот Сојуз.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Столтенберг ја повика Јужна Кореја да ја зголеми воената поддршка за Украина

Молбата на Ринкевич доаѓа еден ден откако ветувањето на германската влада за испраќање тенкови во Украина не беше исполнето на воениот самит во воздухопловната база Рамштајн во Германија.

Германија веќе некое време тактизира и одолговлекува кога станува збор за барањата за испраќање тенкови Леопард 2 во Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...