ЛДП одржа трибина во Куманово – „Македонија по Груевизмот“ (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Под името „Македонија по Груевизмот = Либерални решенија“, вчеравечер во просториите на кружната сала во поранешен Комитет, Либералнот демоктратската партија одржа своја трибина.

Loading...

Вакви трибини веќе се одржани во други градови во Македонија, а тие имаат за цел да ги доближат граѓаните до ЛДП, раководството подетално да се запознае со проблемите кои ги имаат и да се презентираат програмските решенија за истите, во очи на предвремените парламентарни избори, закажани за 24-ти април 2016-та година.

DSC_0007

На вчерашната трибина претседателот на ЛДП, Горан Милевски изјави дека основната цел сега е да се тргне политиката од државните институции.

Педесет насто од работата е завршена со смената на Груевски, меѓутоа следува втората половина, која што е уште потешка, да се стабилизира државата и да се департизираат институциите, односно да им се вратат на граѓаните – истакна Милевски.

 

 

Свое обраќање пред партиското членоство, но и останатите граѓани на Куманово имаше Драган Милановски, адвокат и поранешен претседател на Комисијата за спречување на корупција кој говореше за правниот и судскиот аспект на функционирањето на државата.

Loading...

За жал, веќе подолго време овие институции се третираат како воен плен на партиите на власт. Во едно такво опкружување не може да стане збор за принципиелно извршување на функциите на институциите и со тоа и воспоставување услуги соодветни на граѓаните – истакна адвокатот Милановски.

 

Првата трибина на оваа тема се одржа во Скопје на 29-ти минатиот месец, а исти ваквки трибини се планирани и за останатите градови низ државата.