Нема смисла да се одржува претходно дипломатско присуство во западните земји бидејќи руските дипломати работат таму во услови кои тешко може да се наречат хумани, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во обраќањето пред колегите дипломати кои за првпат преземаат дипломатски должности.
Руските дипломати во западните земји постојано се соочуваат со проблеми и закана од стресни ситуации, а што е најважно за дипломатите нема работа откако Европа ги прекина сите економски односи со Русија, рече Лавров.
Шефот на руската дипломатија посочи дека Западот застанал на страната на оние кои сакаат да го оживеат нацизмот, бидејќи ја поддржува Украина.
Во овие услови Русија се свртува кон земјите кои се подготвени за еднаква и заемно корисна соработка, посочи Лавров.
Според него, земјите од таканаречениот трет свет во Азија, Африка и Латинска Америка сега заслужуваат посебно внимание на Русија за можна соработка.
Лавров рече дека сите дипломирани дипломати ќе бидат распоредени на работни места.
Русија со години предупредува дека создавањето закани на нејзините граници е неприфатливо, нагласи шефот на руската дипломатија и додаде дека режимот во Киев им забранил на Русите да го користат рускиот јазик во образованието, медиумите, културата и многу други сегменти.
Лавров потсети дека Киев осум години го бомбардираше Донбас, убивајќи, како што тврди, жени и деца, а Западот тоа не го осуди со ниту еден збор.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.