Лавров: Москва ќе ги брани своите интереси на Арктикот

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју објавено во петокот вети дека Москва ќе ги брани своите интереси на Арктикот и дипломатски и воено.

Loading...

Руските новински агенции го цитираа Лавров дека Русија е решена да се спротивстави на напорите на САД и нивните сојузници во НАТО да организираат зголемен број воени вежби во арктичкиот регион.

„Гледаме како НАТО ги интензивира вежбите во врска со можните кризи на Арктикот“, рече Лавров во серијата со наслов „Советски пробив“.

„Нашата земја е целосно подготвена да ги брани своите интереси во воена, политичка и воено-техничка смисла“, додаде тој.

Агенциите не дадоа дополнителни цитати за да го илустрираат тврдењето на Лавров, објави Хина, повикувајќи се на Ројтерс.

„Зголемена руска активност околу Арктикот“

Лавров ги даде своите коментари во контекст на новата арктичка стратегија на Пентагон објавена во јули, која го опишува она што Вашингтон го опиша како зголемена руска активност околу Арктикот.

Американскиот извештај вели дека Русија повторно отворила стотици воени локации од времето на Советскиот Сојуз на Арктикот и укажува на зголемената соработка на Русија со Кина за минерали и бродски рути кои би можеле да влијаат на стабилноста во поларните региони.

Кога беше објавен извештајот, руското Министерство за надворешни работи ги обвини САД дека поттикнуваат тензии на Арктикот и ја отфрли секоја идеја дека зголемената соработка со Кина во областа може да влијае на регионалната стабилност.

Loading...