Кумановските средни училишта со слободни места за втор уписен рок

Сподели со своите пријатели

На првото пријавување во јунскиот уписен рок за запишување во средните училишта во Македонија запишани се 12.007 ученици, од вкупно 17.948 пријавени. Од запишаните, најголем дел или 6.405 ученици се во стручно образование, а 5.416 ученици во гимназиско образование.

Loading...

Од извештаите за бројот на пријавени, запишани ученици, како и бројот на слободни места за второто пријавување во првиот уписен рок, од јавните средни училишта во Република Македонија може да се види уписот во гимназиско образование е завршен во СУГС Гимназија „Никола Карев“ СУГС Гимназија „Орце Николов“, СУГС „Зеф Љуш Марку“ , СУГС „Георги Димитров“, СУГС „ Раде Јовчевски Корчагин“, сите во Скопје и СОУ „Јосип Броз Тито“ – Битола.

Уписот во стручно образование е завршен во СОУ „Димитар Влахов“ – Струмица, во здравствена струка, СОУ „Наце Буѓони“ – Куманово во здравствена струка за паралелките на албански наставен јазик, СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп, во здравствена струка, СМУГС „ Д-р. Панче Караѓозов“ – Скопје, во здравствена струка и тоа за образовните профили: медицинска сестра на македонски и албански наставен јазик, забен техничар и фармацевтски лабораториски техничар на албански наставен јазик и физиотерапевтски техничар на македонски наставен јазик.

Што се однесува до останатите средни училишта во Куманово, слободни места има во СОУ Гимназија ”Гоце Делчев, и тоа 94 слободни места, заклучно со вториот уписен рок на 29 и 30 јуни, во земјоделското училиште ”Киро Бурназ”, како и во СДУ ”Перо Наков”, каде непополнети се уште 430 места.