Кумановските гимназијалци вечерва со „Љубовен мјузикл“ за Денот на вљубените

Сподели со своите пријатели

Традиционално, по трети пат, вечерва во Занаетчискиот дом ќе се одржи љубовниот мјузикл по повод „14ти Февруари”, во организација на училишниот оркестар „Симфониум” при СОУ Гимназија „Гоце Делчев”.

Loading...

Станува збор за мјузикл по сценарио на наставникот Филип Петровски, а со поддршка од страна на Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово, како и самата локална самоуправа.

– Влезот е слободен за сите љубители на квалитетна музика и здрава смисла за хумор. Како и претходните две изданија и ова ќе биде интересно и се надевам дека кумановската публика ќе ужива во она што нашите ученици ќе им го прикажат, изјави наставникот Петровски.

 

Никола Ивановски