Учениците од кумановската Гимназија „Гоце Делчев“ се шампиони во кошарка на Македонија. Тие вчера го освоија пехарот во Државното првенство за основни и средни училишта кое се одржа во Куманово.
Loading...
Две победи забележаа вчера кумановските гимназијалци. Во полуфинале ја совладаа екипата на „Никола Карев“ од Скопје со 72:57, додека во финале го надиграа составот на „Јане Сандански“ од Струмица со 52:43 и станаа државни прваци.
Новите генерации во кошарката на Куманово ќе му донесат светла иднина, а за тоа големи заложби освен средните училишта, имаат и младинските лиги на Кошаркарскиот клуб Куманово.
фото: Соколана.мк