Кумановските гимназијалци најдобри на Државно училишно првенство во атлетика (видео)

Сподели со своите пријатели

Куманово денес беше домаќин на Државно у првенство во атлетика во машка и женска конкуренција од средните училишта од Македонија. Натпреварот се одржа на трим стазите во паркот Соколана. Поради актуелната состојба во образованието, недостасуваше масовност од страна на учениците, но, и покрај недостигот, Куманово повторно се претстави како добар домаќин.

Loading...

[huge_it_gallery id=”36″]

 

Куманово е град кој има дадено голем придонес во развојот на атлетиката, истакна денес  Александар Туфекџиевски, претседател на Федерација за училишни спортови.

– Денес се дојдени најдобрите во атлетика од сите училишта во Македонија. Овој натпревар е сила влекач за заживување на атлетиката и спортот воопшто, истакна Туфекџиевски.

На денешниот натпревар се натпреваруваа ученици од средните училишта од Куманово, Скопје, Штип, Каварадци и други градови во сите атлетски дисциплини. Први на денешниот натпревар беа учениците од СОУ Гимназија ”Гоце Делчев” од Куманово. Денешната победа е трета по ред како кумановските гимназијалци земаат златен медал.

 

Loading...

Leave a Reply