Kумановските гимназијалци добија „Сребрена плакета“ за краткиот филм „Родители“

Сподели со своите пријатели

Кумановските гимназијалци за краткиот филм „Родители“ добија „Сребрена плакета“ на конкурсот кој го организираше Народна техника, соопштија денеска од гимназијата „Гоце Делчев“.

Loading...

Учениците од прва година учествуваа на 51-тиот државен фестивал на непрофесионален филм и ја освоија наградата. Филмот зборува за чувствата на тинејџерите, менталното здравје, врските со родителите.

 

 

Професорката по македонски јазик Соња Тодоровска и учениците речиси цел клас велат дека филмот ќе придонесе за подигање на јавната свест кај возрасните и врсниците за правилен развој однесување и менталното здравје на децата.

– Доделувањето на наградите оваа година се одржа во Валандово. Како награда, а за нас и привилегија, учествувавме на дводневни работилници за филм организирани од стручни лица и врвни професори од областа на филмот во Дојран. Овој наш филм беше подготвен за учество на аматерски филмски фестивал во Република Србија на покана на мои колеги од Гимназија од Крушевац со кои имаме соработка на повеќе полиња. Досега работев на училишни претстави, ова е мое прво искуство во областа на филмот, многу нови погледи и корисни информации добивме на работилниците за филм и споделивме лични искуства од другите учесници и наградени аматери во оваа област и ќе продолжиме да работиме посериозно на филмот во соработка и поддршка од Народна техника на Македонија, изјави Тодоровска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово реализира бројни проекти со поддршка на меѓународни институции и прекугранични проекти

 

Loading...

 

Текстот и сценариото го напиша Миња Димитријевиќ која вели дека со филмот сакаат да ја подигнат свеста кај возрасните и кај нивните врсници за менталното здравје на децата.

Учениците го посветија филмот на тинејџерите кои се борат самите со себеси и ги повикаа дека кажат чие однесување им пречи и да побараат помош.

 

 

Учениците од овој клас го снимиле видеото со мобилни телефони и го монтирале со различни апликации. Гимназијалките Мила Смилевска и Мери Стефановска проследиле и обука за снимање филмови и велат дека се стекнале со знаења од обуките.

Loading...

– Сега сме спремни и возбудени да продолжиме со снимање на филмови, велат учениците од прва година од кумановската гимназија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Детска претстава и концерт на Дарко Тодоровски утре во Занаетчискиот дом

МИА