Кумановските атлетичари повторно уриваа рекорди (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Атлетичарите и атлетичарките на Куманово повторно урнаа лични рекорди, но и постовија нов национален рекорд на сениорското екипно првенство што се одржа викендов.

Loading...

Теа Алексовска постигна нов национален рекорд во младинска категорија во фрлање кладиво воедно и златен медал, а прва беше и во категоријата фрлање ѓуле.

Рекордот ѝ претходно беше во нејзина сопственост. Алексовска успеа да го подобри својот рекорд за речиси шест метри.

 

 

Со бронзен медал во категоријата трискок се закити Дијана Вукановиќ која постигна и нов личен рекорд.

Воедно успеа да скокне над државниот младински рекорд во трискок, но на истиот натпревар друга атлетичарка – младинка скокна повеќе од неа, така што Дијана не стана рекордерка.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  79-годишник натепал полицаец во Куманово

Марјан Нојковски се закити со два медали, злато за фрлање кладиво и сребро за фрлање диск.

Ненад Младеновски освои второ место и сребрен медал за скок во височина, додека Даниел Јосевски освои бронза во категоријата фрлање кладиво.

Никола Ивановски