Кумановски мотоциклист тешко повреден во сообраќајка

Сподели со своите пријатели

Мотоциклист од Куманово на 51-годишна возраст вчера се судрил на автопатот Тетово – Скопје, при што истиот е тешко повреден.

Loading...

– На 12.07.2020 во 19.10 часот било пријавено дека на автопатот Тетово – Скопје, после наплатната станица Желино, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „хонда“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од Т.К.(51) од Куманово и патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од П.П.(24) од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата, со повреди се здобил мотоциклистот, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.

Никола Ивановски

Leave a Reply