Кумановски кик-боксери на турнир во Босна (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Повеќе кик-боксери од Куманово од клубовите „Куманово 2006“ и „Предатор“ денеска и утре ќе учествуваат на меѓународен турнир во Босна и Херцеговина.

Loading...

Босанскиот град Тешањ ќе биде домаќин на турнирот „Balkan open“ според календарот на светската WAKO организација.

Од кик-бокс клубот Куманово 2006 учество ќе земат натпреварувачите Лука Велковски, Марко Бошковски и Јосиф Илиевски кои заедно со тренерот Сашо Илиевски ќе одат да освојат медали и добри резултати по напорните тренинзи кои ги одржуваат во салата на ТППЕ Куманово.

 

 

Со 10 натпреварувачи и двајца тренери на турнирот заминува и Кик-бокс клубот „Предатор“ од Куманово. Медали од овој клуб ќе се обидат да освојат кик-боксерите: Марко Бојковски, Христина Бојковска, Вилиам Трајковски, Јосиф Велковски, Данило Методиевски, Макс Спасовски, Блашко Денковиќ, Симона Денковиќ, Луна Димитриевска и Бојан Николовски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово реализира бројни проекти со поддршка на меѓународни институции и прекугранични проекти

Со нив заминуваат на турнирот заминуваат и двајцата тренери Оливер Милорадовски и Оливера Свилар.

Loading...

 

 

– Голема благодарност до Кикбокс Маитаи Федерација на Македонија, градоначалникот Максим Димитриевски и општина Куманово за покривање на трошоци за превоз, котизација и хотелско сместување, стои во соопштението на КБК Предатор.

Никола Ивановски